Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу признава дека клубот не е заинтересиран да го врати Нејмар во Каталонија, иако додава дека почнале преговори за доаѓање на Антоан Гризман на „Ноу Камп“.
И покрај постојаните тврдења дека Нејмар е несреќен на „Паркот на принцовите“, Бразилецот, сепак, нема да се врати во клубот од кој во 2017 година замина за рекордни 222 милиони евра. Барселона досега ги донесе Френки де Јонг, Емерсон и Нето, додека ги продаде Марк Кардона, Јаспер Силесен, Денис Суарез и Андре Гомеш.
„Знаеме дека Нејмар сака да замине од ПСЖ, но исто така знаеме дека ПСЖ не сака да го продаде. Нема шанси. Дали сакаме тој да се врати? Не зборуваме за фудбалерите на другите клубови и имаме почит кон нив. Не можеме да направиме ништо. Усман Дембеле е талентиран фудбалер и тој е способен да игра на таа позиција. Слушнав од печатот дека Лео Меси го убедува Нејмар да дојде, но Меси не е фудбалер кој бара фудбалери. Тој сака добар тим, но одлуките ги правиме ние“, вели Бартомеу.
Околу Гризман, атмосферата е поинаква.
„Вчера имаше состанок помеѓу Оскар Грау и Мигуел Анхел Хил и тие разговараа за Гризман. Не можам да кажам повеќе. Тоа што тој одби да дојде во 2018 нема големо влијание. Тоа се случуваше со Анри, Вилја, Фабрегас… Не сум загрижен. Тоа не значи дека тој ќе дојде, но постои интерес“, вели Бартомеу.