Top Sport

Батистута предизвика вистинско лудило кај аргентинските фанови

Аргентина го освои првото место во групата Ц со победата од 2:0 над Полска и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Победата на аргентинската репрезентација во Доха ја следеше и Габриел Батистута, играчка легенда, а денес стручен коментатор на „ЕСПН“.

На социјалните мрежи беше објавена снимка од Батистута како поминува низ многубројните аргентински навивачи пред стадионот „974“ во Катар, каде играа Аргентина и Полска.

Со оглед дека е еден од најголемите играчи во историјата на оваа јужноамериканска земја, фановите се фотографираа и снимаа видеа со него. Настана вистинско лудило.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');