Top Sport

Бејл ги започнал преговорите со Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ги започнал преговорите со Манчестер јунајтед, околу можниот трансфер. Крилниот напаѓач и минатото лето беше трансфер цел на Манчестер јунајтед, но тогашниот тренер на Реал, Зинедин Зидан, ја одби можноста Велшанецот да биде продаден.

„Бејл најпрвин ќе има разговор со новиот тренер на Реал, Хулен Лопетеги, а потоа ќе видиме што ќе се случува“, изјавил за „ЕСПН“, менаџерот на фудбалерот, Џонатан Барнет.

Бејл има договор со Реал до 2022 година, а доколку реши да остане во Мадрид, тогаш за место во тимот ќе мора да се бори со играчите во кои Лопетеги има голема доверба, Марко Асенсио и Иско.

Реал, по завршувањето на сезоната, тргна во реконструкција на тимот, најпрвин тренерот Зидан го напушти клубот, а од вторникот играч на Реал повеќе не е Кристијано Роналдо.

Велшанецот во реал пристигна во 2013 година, од Тотенхем за 100 милиони евра. За Реал одиграл 189 натпревари и постигна 88 гола, вклучувајќи ги и двата во овогодишното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул.

За Велс, Бејл постигнал 29 гола на 70 одиграни натпревари.

Scroll to Top