Top Sport

Бејл ќе продолжи да игра за Велс

Велс е елиминиран од Мундијалот по поразот од Англија (0:3). Велшаните освоија само бод во дуелите со Иран, САД и Англија и постигнаа само еден гол. Од пенал, во првото коло против САД, гол постигна најдобриот Велшанец Герет Бејл (33).

По синоќешниот пораз од Англија, Бејл рекол дека нема намера да се повлече од националниот тим.

„Не, ова не е мојот крај. Ќе продолжам додека можам и додека сметаа дека сум му потребен на тимот. Ова е тежок момент, но не се откажувам. Квалификациите за ЕП почнуваат во март и се надевам дека ќе бидам таму”, изјави Бејл, стрелец на 41 гол за репрезентацијата. Поранешниот играч на Тотенхем и Реал го коментираше и настапот на Велс во Катар.

„Не ги оправдавме очекувањата, но стекнавме големо искуство. Ќе мораме да се штипнеме за да сфатиме дека бевме на Светско првенство, мора да го сфатиме тоа и да бидеме горди. Си одиме со кренати глави“.

Scroll to Top