Top Sport

Резервите на Бразил ќе му се спротивстават на Камерун

Бразил по првите две рунди и победите над Србија (2:0) и Швајцарија (1:0) обезбеди пласман во осминафиналето. Камерун, ќе им се спротивстави на Бразилците во последното коло во Г-групата.

Бразилскиот селектор Тите, на Камерунците ќе има ја спротивстави резервната постава, со цел да ги одмори стартерите.

Највлијателниот бразилски медиуми „Глобо“ го објави составот за натпреварот во петок.

Едерсон – Дани Алвеш, Милитао, Бремер, Алекс Тељес – Фабињо, Бруно Гимараеш – Ентони, Родриго, Мартинели – Габриел Жесус.

Инаку, Камерунците имаат свои шанси за пласман во нокаут-фазата. Доколку Камерун го победи Бразил, Србија не смее со голема разлика да слави над Швајцарија. Камерун има еден бод и гол разлика 3:4, Србија има еден бод и гол разлика 3:5.

Scroll to Top