Контроверзниот сопственик на Стеауа (сега официјално ФЦСБ), Џиџи Бекали вели дека поранешниот европски шампион и петта сезона во низа нема да ја освои титулата бидејќи неговите фудбалери имаат премногу секс.
Стеауа, кои беа први европски шампиони од Источна Европа во 1986 година, пред плејофот во лигата се на осум поени од лидерите ЦФР Клуж. По ремито со Киндија Тарговиште, Бекали откри каде е проблемот.
„Моите фудбалери пречесто водат љубов со своите девојки и затоа не играат добро во последно време“, вели Бекали.
Тој како пример ги посочи Клуж, каде што тренер е поранешниот романски репрезентативец и ексфудбалер на Челси, Дан Петреску.
„Видете го Дан. Фудбалерите на ЦФР имаат секс само еднаш неделно, бидејќи тогаш се среќаваат со своите сопруги и девојки. Ако нашиот напаѓач Флоринел Коман реши да одмори малку од сексот, ќе биде поинаку“, додава Бекали.
Бекали не е единствениот кој смета дека фудбалерите мораат да имаат помалку секс, откако неодамна тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека на своите фудбалери им дели совети за сексот.