Сер Алекс Фергусон имаше неверојатни успеси со Манчестер јунајтед во неверојатни 26 години на „Олд Трафорд“, но колку што беше легендарна неговата работа на клупата, толку беше и легендарно неговото „диктаторско“ однесување во соблекувалната и конфликтите со фудбалери како Рој Кин, Руд ван Нистелрој и Пол Инс.
Еден од тие кои честопати го навлекуваа бесот на Ферги беше Дејвид Бекам, кој сега се потсети на приказната со неговата „четка“ фризура, за која во 2001 година тренерот решил дека е неприфатлива.
„Влегов во соблекувалната и тој дотогаш ја немаше видено фризурата бидејќи ми беше страв да му ја покажам. Претходниот ден бев на тренинг со капа, но кога ме виде, тој едноставно ми кажа: ’Оди да се избричиш’. Јас се насмеав, а тој одговори: ’Не, сериозен сум, оди бричи се’. Морав да одам и на ’Вембли’ да ја избричам главата. Менаџерот секогаш владееше“, вели Бекам.
Тој вели дека во модерниот фудбал таков инцидент е невозможен.
„Сега е понормално фудбалери да имаат ’четка’ или тетоважа на вратот или да носат шарени копачки. Кога ние расневме во Јунајтед, Ферги не ни даваше ниту да стапнеме на терен со црвени копачки. Толку едноставно. Тука работите се сменија“, признава Бекам.