Top Sport

Белгија без Лукаку против Канада и против Мароко

Ромелу Лукаку ќе ги пропушти првите два натпревари на Белгија во групната фаза на Светското првенство во Катар. Најдобриот стрелец на Белгија кој се мачи со повреда нема да биде во составот за пресметките против Канада и против Мароко.

За него беше неизвесно и дали ќе биде во составот за Мундијалот. Сепак, селекторот Роберто Мартинез го повика во тимот, а денеска првпат беше објавена попрецизна информација за неговата состојба.

Дополнителните тестови треба да покажат дали Лукаку ќе може да игра во третото коло од групниот сегмент против Хрватска.

Scroll to Top