Top Sport

Белингем го проби бункерот на Иран, Сака ја зголеми предноста

Џуд Белингем, чудото од дете, го постигна првиот гол за Англија на Светското првенство во Катар.

19. годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, во 35.минута, одлично реагираша на нафрлената топка, која од левата страна ја испрати Лук Шо.

Белингем со овој гол ги награди соиграчите кои од првата минута вршат силен притисок кон голот на Иран.

Осум минути по голот на Белингем, фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, ја зголеми предноста на Англија. Во првата минута од судиското надополнување на времето, на 3:0 зголеми Рахим Стерлинг.

Инаку Иранците мораа по само 10 минути игра да направат замена на голманската позиција.

Scroll to Top