Италија ја забележа и петтата победа во петтиот квалификациски меч за Европско првенство во 2020, триумфирајќи со 3:1 на гости кај Ерменија, иако добро се испотија пред да стигнат до победата.
Селекцијата на Роберто Манчини во 11. минута од мечот губеше со 1:0 откако Александар Карапетјан ја искористи асистенцијата на Тигран Барсегјан за го матира Џиџи Донарума. Андреа Белоти успеа да израмни во 28. минута од мечот, а целосен пресврт се случи при крајот на полувремето кога стрелецот на голот Карпетјан го доби вториот жолт картон и ги остави домаќините со 10 играчи на теренот.
„Аѕурите“ ова успеаја да го искористат дури во финишот на мечот. Прво Лоренцо Пелегрини во 77. минута, а потоа и Белоти само три минути подоцна зголеми на 3:1.
Со победата, Италијанците се убедливо први во групата Ј со 15 поени, додека Ерменците се трети со 6 освоени поени.
ГРУПА Ј
Ерменија – Италија 1:3
Табела: 1.Италија 15, 2.Финска 9, 3.Ерменија 6, 4.Грција 4, 5.Босна и Херцеговина 4, 6.Лихтенштајн 0