Милан го доживеа и третиот пораз во само пет кола во италијанската Серија А, откако Торино со пресврт стигна до 2:1 победа во нов фрустрирачки меч за тимот на Марко Џампаоло.
А, работите тргнаа толку добро за „росонерите“ – пенал во 18. минута, кој Кшиштоф Пјонтек го реализираше за да ја круниса добрата игра во првиот половина час на неговиот тим.
Последните 20-тина минути од мечот беа вистински кошмар за гостите. Андреа Белоти прво во 72. минута постигна гол по една долга топка од Музакио, а Џиџи Донарума реагираше лошо за израмнување на 1:1. Веднаш потоа црвен картон доби ветеранот Пепе Реина, кој воопшто не беше на теренот, туку на клупата.
Само четири минути подоцна, Белоти со интересен гол со ножички ја запечати судбината на Милан за голема победа за „биковите“, нивна трета оваа сезона, но прва по два порази.