Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти ќе стане нов член на Рома. Белоти се уште е слободен играч откако му истече договорот со Торино, но наскоро напаѓачот ќе потпише за Римјаните и ќе стане најновото засилување во тимот на Жозе Мурињо.
Рома постигна договор да го продаде Феликс Афена-Гјан на Кремонезе, со што ќе се отвори простор за Белоти.
Според „Calciomercato.com“, Белоти ќе слета во Рим денес или утре и најверојатно ќе потпише договор со Рома во недела по лекарските прегледи.
28-годишникот ќе потпише тригодишен договор и ќе биде резерв за Теми Абрахам.
Белоти А одигра вкупно 270 натпревари и постигна 106 гола со 27 асистенции.
Тоа ќе биде само едно во низата големи засилувања за Рома, која летово ги доведе и Немања Матиќ, потоа Пауло Дибала, Зеки Челик и Миле Свилар.
Во меѓувреме заминаа Робин Олсен, Алесандро Флоренци, Хенрих Мхитарјан, Пау Лопез и Џенгиз Ундер.
Белоти е поранешен европски шампион со Италија, а во Торино настапуваше во последните седум години. Претходно беше член на Палермо и Албинолефе.