Top Sport

Бен Једер најавува заминување

Висам Бен Једер рекол дека ова лета посакува да се раздели со Севилја и дека кариерата ќе ја продолжи во некој од големите европски тимови.

Францускиот репрезентативец пред три години стана играч на Севилја. Тој смета дека време е да направи нов чекор во кариерата. Медиумите шпекулираат дека интерес за него покажале од Барселона, но и од уште неколку други тимови.

На прашањето дали е подготвен да ја напушти Севилја, Бен Једер рекол:
„Мислам дека сега е вистинското време. Го чувствувам тоа. Но не сакам да покажам дека не го почитувам клубот. Каква и да биде конечната одлука јас ќе ја прифатам. Се надевам дека ќе играм на највисокото ниво, во голем клуб со играчи од светска класа. Така би можел да видам на кое ниво сум јас. Не сакам да размислувам на тоа. Ќе направам мала пауза по репрезентативните обврски, а одлуката ќе ја донесат луѓето од Севилја“, рекол бен Једер за „Ла Паризиан“.

Scroll to Top