Top Sport

Де Лихт: Трансферот е договорен, но…

Каталонското радио синоќа објави дека Ајакс и Барселона, за сума од 75 милиони евра, го договориле трансферот на Матијас Де Лихт, но дека 19 годишниот фудбалер сè уште размислува каде да ја продолжи кариерата.

Де Лихт е една од ѕвездите на овој преоден рок. Дека се уште не е сигурен каде ќе игра наредната сезона тој потврдил со изјават дадена за „Мундо Депортиво“.

„Морам добро да размислам и да решам дали сега е време да одам во Барселона. Сакам да играм, а не да седам на клупата. Парите не се важни, а не се плашам ниту од конкуренцијата“, рекол 19 годишниот фудбалер.

Покрај Барселона интересот за Де Лихт не го кријат ПСЖ и Ливерпул, а на сите им е јасно дека најголема плата може да добие во Париз.

А кога станува збор за конкуренцијата во Барселона, таму го чекаат ветеранот Пике, односно Французите Умтити, Ленгле и Тобидо.

Scroll to Top