„Легендарниот“ дански фудбалер Никлас Бендтнер почна да ја отслужува својата 50-дневна затворска казна за напад на таксист, откако на Инстаграм се пофали со уредот за следење на неговиот скочен зглоб.
30-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал кој стана миленик на публиката и дури доби прекар Лорд Бендтнер, сега игра за норвешкиот Розенборг, и затворската казна ја отслужува во својот дом.
Инцидентот со таксистот се случи во септември кога по возењето со такси со неговата девојка, одби да плати за возењето и го нападна таксистот велејќи дека тој фрлил шише или лименка кон него. Бендтнер во ноември се откажа од жалбата за да се фокусира „на клубот и семејството“, бидејќи норвешката сезона почнува во март.
Поранешниот фудбалер на Јуве и Арсенал вели дека започнал да пишува книга (која сигурно ќе биде интересна за читање).
„Никогаш не е доцна на учиш и да се подготвуваш за иднината и затоа решив да ги соберам добрите и лошите приказни во моите речиси 31 години. Не приказна за шпекулациите и сензациите, туку за моите сеќавања“, изјави Бендтнер.