Top Sport

Бенфика го претстави Ди Марија

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија е нов играч на Бенфика, објави клубот од Лисабон.

Бенфика не ги објави деталите од договорот, а португалските медиуми објавија дека Ди Марија потпишал едногодишен договор.

Тој веќе го носеше дресот на Бенфика од 2007 до 2010 година. Тогаш во Лисабон пристигна од аргентински Росарио за осум милиони евра.

За време на неговиот прв период во Бенфика, Ди Марија одигра 121 натпревар за клубот, постигнувајќи 15 голови и 28 асистенции.

Во Бенфика сега доаѓа од Јувентус, а во кариерата настапуваше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и за Пари Сен Жермен.

Scroll to Top