Top Sport

Грција ќе го чека Адетокумбо до последен момент за Мундобаскет

Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо најверојатно ќе го пропушти Светското првенство кое од 25. август се одржува на Филипините, Јапонија и Индонезија. Неговиот настап е неизвесен поради операција на коленото. Но, Грците се надеваат дека тој сепак во последен момент би можел да влезе во ростерот.

Иако се работи за рутински зафат на менискусот, сепак, препораките на клубот се тој да не игра за Грција на Светското првенство ова лето. Сепак, конечната одлука Јанис Адетокумбо треба да ја донесе на почетокот на август.

Селекцијата на Грција на Мундобаскет се наоѓа во групата Ц, заедно со САД, Нов Зеланд и со Јордан.

Scroll to Top