Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез се пожали дека англиските судии не ги знаат фудбалските правила, откако неговиот тим прими гол во 95. минута за 1:1 реми на гостувањето кај Вулверхемптон.
Њукасл беа многу блиску до три поени, клучни во борбата за опстанок, кога Вили Боли со глава го совлада Мартин Дубравка. Бенитез, како и повеќето фанови на Њукасл, сметаа дека има фаул над Дубравка, бидејќи рацете на Боли беа на телото на словачкиот голман и тој реши да се расправа со судијата Греем Скот.
Лутината на Бенитез е поголема бидејќи „волците“ исто така постигнаа гол за победа во последните минути на „Сент Џејмс парк“ во декември, кога ито така Боли беше во главна улога и го удри со лакт Ајозе Перез пред победничкиот гол.
„Во Англија не ги разбираат правилата. Можам да кажам уште многу работи, но тоа нема да смени ништо. Голманот мора да биде заштитен, а иако сум тука толку години, тешко е да им се објасни тоа на судиите“, вели Бенитез.
Is that a foul on the keeper? Or is it a fair challenge? Surprised it wasn’t given as a foul as usually they are but look closely there and is he doing anything wrong? Dreadful feeling to concede in the 95th minute though and it shows on Rafa Benitez face.#wolves #Newcastle pic.twitter.com/yWuMNKwLFE
— MatchedBettingGuru (@matchedbets10) February 11, 2019
Вулверхемтон во 95. минута „спаси“ поен против Њукасл (видео)