За 13 минути Реал Мадрид постигна два гола, доволни за мирен меч на гостувањето кај незгодниот Еибар.
Карим Бензема во 6. и Лука Модриќ во 13. минута погодија за Кралскиот клуб и брзо водство од 0-2.
Домашните возвратија во 28. минута преку Кике, но тоа беше се што сторија на овој меч.
Во самиот финиш, во 92 минута Бензема со својот втор погодок стави печат на победата.
Поседот на топката го имаше фаворитот, а и двата клуба упатија по десетина удари кон противничкиот гол. Повеќето непрецизни.
Реал сега е на втората позиција со ист број на бодови колку и лидерот Атлетико, но со два меча повеќе од „јорганџиите“.
Еибар, пак, е 14-ти со 15 бода.