Top Sport

Бензема го посвети стајлингот на неговиот омилен рапер

Францускиот фудбалер Карим Бензема ја освои „Златната топка“ за првпат во кариерата. Сосема заслужено ако се знае дека го предводеше Реал Мадрид до титулите во Лигата на шампионите и Ла Лига, а притоа беше најдобар стрелец и во двете натпреварувања.

Синоќа во Париз се одржа свечената церемонијата на доделување на „Златната топка“, а на неа присуствуваа многу ѕвезди од светот на фудбалот.

Бензема пристигна во друштво на своето семејство, а сите ги воодушеви кога по прогласувањето на победникот на сцената ги покани мајка си Вахида и синот Ибрахим да го прослават освојувањето на „Златната топка“.

Напаѓачот на Реал Мадрид беше во центарот на вниманието и поради неговиот стајлинг. Многумина беа воодушевени од неговиот изглед, а особено откако дознаа дека сакал да наликува на неговиот голем пријател и музички идол Тупак Шакур.

На овој начин Бензема сакаше да му оддаде почит и уште еднаш покажа дека е голем љубител на хип хоп музиката.

Легендарниот американски рапер Тупак пред речиси 30 години беше во исто издание на доделување награди, а покрај костумот, Бензема носеше и речиси исти очила како Тупак во негово време.

Scroll to Top