Top Sport

Наинголан суспендиран зошто пушел електронска цигара на клупата за резерви

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан постојано е на насловните страници на белгиските спортски изданија, но не со своите настапи на теренот, туку со скандалите во кои се вовлекува. 34-годишниот играч од средниот ред на Антверпен беше суспендиран од тимот на неодредено време откако лежерно запали електронска цигара на клупата пред натпреварот против Стандард Лиеж.

„Сакам да кажам дека ми е жал за она што го направив. Направив сериозна грешка и се извинувам“, изјави Наинголан, кој во последните недели го загуби стартното место во тимот на Марк ван Бомел.

Минатата недела, Наинголан беше уапсен бидејќи возел без возачка дозвола. Документот му бил одземен пред извесно поради возење во алкохолизирана состојба.

Наинголан помина голем дел од својата кариера во Италија во тимови како Пјаченца, Каљари, Рома и Интер. Тој се врати во Белгија во 2021 година и потпиша за Антверпен.

Од почетокот на сезоната Наинголан има 18 настапи и три гола во сите натпреварувања.

Scroll to Top