Top Sport

Бензема и Касемиро со „магија“, Реал победи во Барселона (видео)

Реал Мадрид стигна до 1:0 победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Еспањол, за да се врати на првото место во шпанската Ла лига и во исто време да го прати клубот од Барселона чекор поблиску до втората лига.

Користејќи го „киксот“ на Барселона и 2:2 ремито со Селта Виго, тимот на Зинедин Зидан сега има два поени предност пред каталонските ривали на само шест кола пред крајот на сезоната.

Човек на одлука беше, Касемиро, кој фантастичното прво полувреме за него го круниса во 45. минута кога доби асистенција со петица од Карим Бензема за да го скрши отпорот на домаќините.

За Еспањол, кои го отпуштија тренерот Абелардо оваа недела, поразот значи дека остануваат на последното место на табелата со 24 поени, дури 10 од безбедната зона, каде што иронично се наоѓа Селта.

Scroll to Top