Top Sport

Зверев наместо во изолација на забава, Кирјос го повика: Зошто си толку себичен! (видео)

Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос влезе во остра критика на Александер Зверев, откако се појавија видеа на Интернет на која германскиот тенисер е на забава, иако претходно најави дека ќе биде во самоизолација.

Зверев беше дел од „Адрија турнејата“ на Новак Ѓоковиќ, по која Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Виктор Троицки, Григор Димитров и Горан Иванишевиќ беа позитивни на корона вирусот. Иако Германецот имаше негативен тест, тој најави дека сам оди во самоизолација, пред да се појават видеата од забавата во приватен клуб во Монте Карло.

Кирјос не штедеше зборови.

„Има многу поконтроверзни работи кои се случуваат низ светот, но нешто навистина се истакнува, кога го гледам Саша Зверев повторно! Колку себичен можеш да бидеш? Ако имаш храброст да поставиш твит напишан од својот менаџерски тим дека 14 дена ќе одиш во изолација и се извинуваш на јавноста, барем имај храброст да останеш дома 14 дена. Боже! Овој тениски свет навистина ме нервира. Колку себични можете да бидете сите?“, напиша Кирјос.

Scroll to Top