Top Sport

Бензема ќе го пропушти мечот со Еспањол, за да биде подготвен за дуелот со Ливерпул во ЛШ

Реал Мадрид се најде во нови проблеми во пресрет на новото коло во Ла Лига. Мадриѓаните не се на нивото од минатите сезони кога е првенството во прашање, а повторно е повреден најдобриот фудбалер, Карим Бензема.

Тој има проблеми со повреда на скочниот зглоб и сигурно ќе го пропушти гостувањето против Еспањол, со надеж дека ќе биде подготвен за реваншот од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Бензема се повреди на ремито со Бетис и оттогаш е надвор од терените. Карло Анчелоти не сака да ризикува и е свесен дека Бензема повеќе му е потребен на натпреварот од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид заостанува девет бода зад Барселона во првенството на Шпанија.

Scroll to Top