Top Sport

Бензема ќе го пропушти првиот меч на Франција на СП?

Светскиот првак Франција се соочува со многу проблеми со повреди пред почетокот на СП во Катар. Нкунку се повреди на тренинг и дефинитивно ќе отсуствува, а вчера и Жиру се пожали на повреда. Сепак, се чини дека напаѓачот на Милан ќе биде подготвен за стартот на шампионатот во Катар, што најверојатно нема да биде случај со Карим Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид вчера не тренираше со остатокот од тимот, друштво на индивидуалните тренинзи му правеше Рафаел Варан, кој исто така се враќа од повреда.

Бензема минатиот месец забележа само 26 минути натпреварувачки фудбал поради проблем со бутниот мускул.

Француските медиуми не веруваат дека освојувачот на „Златната топка“ ќе биде на теренот против репрезентацијата на Австралија на мечот во вторник.

Scroll to Top