Top Sport

Бензема нема (повторно) да биде исфрлен од репрезентацијата

Карим Бензема нема да биде исфрлен од националниот тим и во случај да биде осуден во случајот со поранешниот соиграч Матије Валбуена. Ова го потврдил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Гре.

„Тренерот е одговорен за селекцијата. Дури и да добие условна затворска казна, тој ќе има право да ја обжали пресудата. Дали ќе биде повикан или не, тоа нема да има врска со овој случај“, рекол Ле Гре.

Бензема е обвинет дека бил посредник во уценувањето на Валбуена. Пријатели на Бензема, поседувале домашно видео на Валбуена. Напаѓачот на Реал му рекол на Валбуена да им плати на уценувачите.

Откако аферата излезе во јавноста се до мај оваа година, Бензема беше отстранет од националниот тим. По пауза од пет години тој се врати во репрезентацијата и настапи на Европското првенство.

Конечната пресуда судот во Версај ќе ја донесе на 24.ноември.

Scroll to Top