Top Sport

Бензема стрелец за „кралевите“ во ремито со Клуб Америка

Реал Мадрид одигра 2:2 против мексиканскиот тим Клуб Америка на пријателскиот натпревар во Сан Франциско. Карим Бензема во првиот меч по одморот покажа дека повторно ќе биде главниот голгетер на „кралевите“, а погоди и Еден Азар.

Сепак, Мексиканците не дозволија да загубат. Хенри Мартин во петтата минута донесе водство за Клуб Америка, а Бензема израмни во 22.минута.

Еден Азар од пенал донесе нова предност за „кралскиот клуб“ во 55.минута, но во завршницата беше досуден пенал и за Клуб Америка, што успешно го реализираше Алваро Фидалго.

Scroll to Top