Top Sport

Дибала пречекан како „бог“ од навивачите на Рома

Аргентинскиот интертнационалец Пауло Дибала имаше фантастичен пречек од навивачите на Рома. Тие направија неверојатно шоу и го пречекаа како „бог“ новото засилување.

Дибала дојде од Јувентус откако не успеа да се договори за продолжување на соработката.

„Многу ви благодарам за топлото добредојде. Знам како е да се игра против Рома, секогаш ми беше тешко кога доаѓав со други тимови. Сега сум со вас и сакам да му помогнам на тимот да напише прекрасна приказна. Вие сте неверојатни, се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу успеси“, изјави Пауло Дибала.

Scroll to Top