Top Sport

Берлускони ќе се врати на омилениот „Сан Сиро“ да ја гледа Монца против Милан

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони утре ќе се врати на својот омилен „Сан Сиро“ да го гледа неговиот поранешен клуб Милан како игра во локалното ломбардиско дерби со неговиот сегашен клуб, Монца, јавува „Ла газета дело спорт“.

86-годишниот Берлускони беше сопственик на „росонерите“ од 1986 до 2017 година, во најуспешниот период во историјата на славниот клуб, кого го предводеше до 8 скудета и 3 титули од Лигата на шампиони. Тој потоа го продаде клубот на кинескиот бизнисмен Јонхонг Ли, а по период на слаби игри и менување на сопствениците, повторно се на вистински пат како актуелни италијански шампиони.

По ова, Берлускони го презеде тимот на Монца во 2018 година, и повторно го постави Адријано Галијани како прв човек на клубот, по што минтата сезона успеја да влезат во Серија А првпат во историјата на клубот. Галијани, кој 21 година работеше во Милан вели дека пред мечот чувствува „милион емоции“.

„Емоциите се бескрајни. Мојот живот ми е пред очи веќе неколку дена. Освен фактот што сум навивач од моето детство, бев менаџер на Монца од 1975 до 1985, потоа во Милан од 1986 до 2017, а сега повторно во Монца. Можете да замислите. Како ќе заврши мечот утре? Како би го знаел тоа?“, вели Галијани.

Scroll to Top