Top Sport

Симона Халеп падна на допинг-тест!

Поранешната гренд слем шампионка, Романката Симона Халеп е суспендирана поради позитивен допинг-тест, потврди Интернационалната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), која посочи дека 31-годишната Романка имала А и Б позитивен примерок на ФГ-4529 (Роксадустат), средство кое е на листата на забранети супстанции од 2022 година.

„Тенисерката побара да се анализира и Б-примерокот, кој го потврди позитивниот тест. Додека е условно суспендирана, таа не смее да се натпреварува на ниту еден турнир“, велат од ИТИА.

Поранешната светска тенисерка број 1 на Инстаграм призна дека ова е „најголемиот шок“ во нејзиниот живот.

„Во текот на целатаа моја кариера, ниту еднаш не сум помислила на мамење, бидејќи тоа е во целосна спротивност од моето образование. Во ваква не-фер ситуација се чувствувам целосно збунета и предадена. Ќе се борам до крај да докажам дека не сум земала свесно ниту една забранета супстанца и верувам дека наскоро ќе излезе вистината на виделина. Се работи за честаа, за љубовата кон спортот, која ја оддржувам 25 години“, вели Халеп.

Scroll to Top