Top Sport

Берлускони не е задоволен од Монца: Можеби пак ќе треба јас да се погрижам

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони вели дека е разочаран од стартот на дебитантската сезона во Серија А на неговиот нов клуб, Монца, посочувајќи дека тој ќе треба директно да се вмеша во раководењето на тимот.

Тимот од Ломбардија во моментов е на последното место на табелата по шест меча со само еден поен по 1:1 ремито со Лече. Монца лани заврши на четвртото место во Серија Б, но успеа да избори пласман во Серија А преку плејофот, но работите сега не одат во вистински правец.

„Според моето мислење, работите на теренот мораат да се сменат. Фудбалерите кои го сочинуваат составот се добри, на вистинско ниво за Серија А, така што мислам дека ќе треба да се погрижам за нив повторно, како што направив на почетокот на сезоните во Серија Ц и Серија Б, кога им помогнав да имаата вистински приод. Ќе видиме дали ќе успееме да ја направиме Монца добра во Серија А, верувам дека можам да помогнам“, вели Берлускони.

Дали ова е порака до тренерот на тимот, Џовани Стропа, останува да се види.

Scroll to Top