Top Sport

Кариус се жалел кај ФИФА, бара плати од Бешикташ и прекин на договорот

Германскиот голман Лорис Кариус се жалел до ФИФА за неисплатените плати во турскиот клуб Бешикташ, барајќи предвреме да му биде раскинат договорот со клубот.

Кариус уште е фудбалер на Ливерпул, кои го пратија на двегодишна позајмица во Истанбул по катастрофалните грешки во финалето на ЛШ во 2018 и поразот од 3:1 од Реал Мадрид. Членот на бордот на Бешикташп, Ердал Торуногулари потврди дека Кариус сака да замине, но вели дека платите „не се заслужени“.

„Кариус отиде кај ФИФА да се жали за своите плати и бара прекинување на договорот. Сака да му платиме за месеците во кои не игра. Ако сака да замине, тоа е негова одлука, но не сакаме да правиме незаслужена исплата“, пишува Торуногулари на Инстаграм.

Кариус имаше 25 настапи за Бешикташ оваа сезона, а турскиот клуб покажа интерес за ветеранот на Барнли, Џо Харт, чиј договор завршува летово.

Scroll to Top