Top Sport

Бешикташ сака да го врати Вегхорст во Истанбул

Бешикташ сака да го врати Ваут Вегхорст, кој моментно е на позајмица во Манчестер Јунајтед. Напаѓачот е во сопственост на Барнли, кој минатото лето го позајми на клубот од Истанбул. Сепак, позајмицата во Бешикташ беше раскината на зима за холандскиот интернационалец да се пресели на „Олд Трафорд“.

И покрај тоа што е миленик на менаџерот Ерик тен Хаг, веројатноста Вегхорст да биде откупен од Манчестер Јунајтед е многу мала.

Интересно е како ќе постапи Барнли, бидејќи тимот избори пласман во Премиерлигата и сигурно ќе има потреба од искусни играчи во наредната сезона, за да не се врати веднаш во Чемпионшип. Сепак, Бешикташ е подготвен за двете опции, да го добие Холнаѓанецот и како позајмен играч, но и целосно да го откупи неговиот договор.

Scroll to Top