Горан Пандев двапати израмнуваше за неговата Џенова против Беневенто за да стигне до својот 100. гол во Серија А (од кои само еден од пенал) во 150. настап во дресот на најстариот италијански фудбалски клуб, покажувајќи ја својата класа и својата вредност за Грифоне.
Беневенто поведе по само пет минути игра, кога Никола Виола од пенал ги донесе во водство, за само само шест минути подоцна, Пандев да успее од близина да го совлада противничкиот голман за 1:1. Гол-шоуто продолжи четири минути подоцна, кога поранешниот фудбалер на Џенова, Џанлука Лападула пак ги носи гостите во водство. Во 21. минута, Пандев ја користи лошата реакција на одбраната на гостите, за повторно да стрела за јубилеен гол. Ова беше воедно и конечниот резултат на мечот.
Статистиката на македонскиот капитен е неверојатна – 468 меча во Серија А, 100 гола, 55 асистенции, една титула од Серија А и една од Лигата на шампиони. 37-годишниот ветеран постигна 48 гола за Лацио, 5 за Интер, 20 за Наполи, еден за Анкона и веќе 26 за Џенова. Феномен!
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
100 – Goran #Pandev é il primo giocatore macedone a segnare almeno 100 gol in un top-5 campionato europeo. Storico.#GenoaBenevento #SerieA pic.twitter.com/BZaTfXHwhn
— OptaPaolo (@OptaPaolo) April 21, 2021
21′ pt: GOOOOAAAAALLLLLLLL!!!!!! Goran #Pandev , ancora lui!!! E sono 100 goal in serie A alla 150ma presenza nella massima serie con il Grifo!!!!! ?????????? ????????????#GenoaBenevento 2⃣-2⃣
— Genoa CFC (@GenoaCFC) April 21, 2021