Top Sport

Безумие во Бразил – менаџер избодел фудбалер поради брашно! (вознемирувачки)

Од Бразил ни доаѓа една бизарна и вознемирувачка приказна во која еден фудбалер бил избоден со нож од својот менаџер во расправија околу брашно.

Клубот ЦДЦ Ново Арипуања се натпреварувал во регионалното натпреварување во Манаус во Амазоненсе Серија Б, и по лошите настапи – 5 порази во 5 меча, во ФААР фондацијата, каде што престојувал клубот се случила неверојатната случка. Фудбалерот Дуран забележал дека тренерот краде брашно и по расправијата, менаџерот го нападнал со нож. Случката се случила на 20 октомври, но сега станува јавна преку објава на веб-сајтот „Глобо“.

Фудбалерот го пријавил инцидентот до локалната полиција и за среќа поминал со мали повреди. Претседателот на клубот, Роберто Соареш немаше коментар за „Глобо“.

Scroll to Top