Марсело Биелса открива дека тој лично ја платил казната од 200.000 фунти на неговиот клуб Лидс јунајтед, која ја добија за скандалот со шпиунирањето на тренингот на ривалите од Дерби каунти.
Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го казни Лидс во февруари, откако второлигашот ги прекрши правилата за „однесување во добар дух“ кон ривалите. Ова дојде откако Биелса призна дека пратил човек да го гледа тренингот на Дерби каунти, нешто што не е пракса во Англија.
„Казната која федерацијата ни ја даде од 200.000 фунти беше кон клубот, а не кон мене, но јас бев одговорен и затоа јас ја платив“, вели Биелса.
Иако шпекулациите велеа дека поранешниот аргентински селектор ќе замине од „Еланд роуд“ доколку Лидс не успее да влезе во Премиер лигата, тој вели дека тоа не е вистина.
„Никогаш не сум кажал дека ќе заминам ако не влеземе во Премиер лигата. Не кажав дека ќе заминам, не кажав дека ќе останам, туку само кажав дека сега не е време да се зборува за тоа. За мене, овој клуб е важен без разлика дали игра во Премиер лигата, Чемпионшип или во третата лига“, вели Биелса.
„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)