Марсело „Ел Локо“ Бијелса би можел да го напушти Лидс Јунајтед доколку клубот не успеа да се врати во Премиерлигата на Англија.
Италијанската „Арена“ тврди дека Аргентинецот би можел да пристигне во Серија А. За неговите услуги биле заинтересирани Фиорентина и Верона.
Новиот претседател на Фиорентина ќе вложи значитечна сума на пари во тимот, а наводно за тренер го сака Бијелса.
Инаку Бјелса во 2016 година го оправда својот прекар „Ел Локо – Лудак“, тогаш тој имаше договор со Лацио меѓутоа не се појави на прес конференцијата кога требаше официјално да ѝ биде претставен на јавноста.
Лидс Јунајтед на девет кола до крајот на сезоната во Чемпионшип дивизијата се наоѓа на првото место со 71 поен.