Top Sport

Билд: Јоаким Лев, кандидат за селектор на Бразил

Бразил сѐ уште е во потрага по нов селектор по заминувањето на Тите, чија ера заврши по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Прв кандидат за Бразилците е Карло Анчелоти, но Италијанецот е под договор со Реал Мадрид, па таа „операција“ е сложена. Затоа Бразилците се вртат кон други имиња, а „Билд“ пренесува дека еден од главните кандидати е Јоаким Лев.

Тој ја предводеше Германија 15 години, а во 2016 година стана светски шампион на Светското првенство во Бразил. Германците во полуфиналето го демолираа Бразил со 7-1, а подоцна во финалето ја совлада и Аргентина.

Лев е невработен од јуни 2021 година, кога со репрезентацијата на Германија беше елиминиран од Англија во осминафиналето на Европското првенство.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');