Дуелот од мексиканската Лига МХ помеѓу Тигрес и Веракруз донесе неверојатни сцени, откако фудбалерите на Веракруз протестираа со неиграње во првите минути од мечот, но ова не ги спречи Тигрес да им дадат два гола.
Веракруз протестираа поради финансиската криза и неисплатените плати и наместо да добијат солидарност од ривалите од Тигрес, тие им дадоа два гола преку Едуардо Варгас и Андре-Пјер Жињак, пред мечот да заврши 3:1.
„Тие знаеја дека ќе стоиме три минути, така што е тажно што се решија за таков потег“, вели дефанзивецот на Веракруз, Карлос Салсидо.
Но, Гвидо Пизаро од Тигрес вели дека не било така.
„Пред мечот, тие ни кажаа дека ќе застанат една минута, но потоа се решија да го продолжат тоа на три минути. Ние им кажавме дека ќе ги чекаме само една минута“, вели Пизаро.
Веракруз се на последното место на табелата без победа во 13 меча, а фудбалерите саркастично им аплаудираа на Тигрес на крајот на мечот. Тигрес, пак, се трети на табелата.