Top Sport

Петар Петковски се врати во Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички во пресрет на денешниот старт на подготовките се засили со уште едно ново име. Крилниот напаѓач Петар Петковски е повторно дел од „романтичарите“.

Тој потпиша договор на 18 месеци и ќе биде значајно засилување за составот на Милан Илиевски.

„Чест ми е што повторно ќе го носам дресот на Работнички. Се надевам дека ќе дадам полн придонес за остварување на целите на клубот во новата сезона“, изјави Петар Петковски за официјалниот сајт на клубот.

Петар Петковски од 2018 до 2021 година го носеше дресот на Работнички, а потоа замина во Романија. Таму беше член на Ботошани и на Конкордија, од каде повторно се враќа во Работнички. Кариерата ја почна во Вардар.

Scroll to Top