Напаѓачот на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг вели дека „сите пари во фудбалот се проколнати“ и предизвикале фудбалерите да бидат само бројки во модерниот спорт.
Иако самиот во својата младост беше познат по екцесите на животот на висока нога со многу пари, Боатенг вели дека откако „пораснал“ му се сменил ставот и дека е разочаран од насоката во која се движи фудбалот.
„Сите овие пари во фудбалот се проколнати. Фудбалот сега е само бизнис, а ние сме само бројки. Ако лицето не ти е прикладно, тогаш веднаш те заменуваат. Нема веќе лојалност. Нека се направи анкета за да се види колку фудбалери се среќни со тренинзите и животот. Секако, фудбалот треба да е професионалец, но кога си толку добро платен, тоа само ти предизвикува стрес. Притисокот е огромен, а никој не зборува за некои работи, како депресијата. Порано секогаш се забавував, а сега ми е мака кога ќе видам како некои момци го трошат талентот. На 19 години возат ’Мерцедес’, добиваат висока плата и се задоволни, но не прават ништо со талентот, туку само играат Плејстејшн“, вели Боатенг во интервју за „Билд“.
32-годишниот ветеран исто така признава дека жали што имал толку тетоважи на телото.
„Посакувам никогаш да не се тетовирав. Денеска си поубав ако немаш тетоважи бидејќи телата на сите се полни со цртежи. Како да се работи за штит за одбивање на вниманието“, вели Боатенг.