Top Sport

Бобан Николов го напушта Шериф и се сели во Турција

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов го напушта молдавскиот првак Шериф Тираспол и се сели во Турција. Тој е пред трансфер во турскиот второлигаш Маниса.

Турските медиуми најавуваат дека преговорите се во завршна фаза и дека Бобан Николов до крајот на оваа седмица треба да стави потпис на договорот.

Бобан Николов ја почна кариерата во Брегалница, играше и за академијата на Георге Хаџи, Фарул Костанца, Вардар, Фехервар и Лече.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');