Иако „тежи“ стотици милиони долари, данскиот напаѓач на Барселона, Мартин Брејтвајт очекува клубот да му ги исплати сите плати од договорот за да си замине од клубот, каде што е вишок.
Според каталонскиот „Спорт“, Барселона јасно му порачала на Брејтвајт дека за него немаместо во тимот, и тој е подготвен да ги исполни нивните барања, но нема многу заинтересирани за 31-годишниот поранешен напаѓач на Леганес и Мидлзборо. 31-годишниот Данец има уште две години договор со каталонскиот клуб и одбива можност да добие определена компензација, туку бара да му бидат исплатени сите плати за следните две сезони.
Брејтвајт, кој има годишна плата од 4 милиони евра, инаку е најбогатиот член на Барселона, со имот во САД од над 250 милиони евра, со моден бренд и синџир ресторани, кој го поседува заедно со неговиот чичко.