Top Sport

Болоња победи за Михајловиќ со прекрасен пресврт и сега се втори во Италија! (видео)

Болоња на Синиша Михајловиќ, без својот тренер (кој е на втората тура на хемотерапија за леукемијата), стигна до импресивна 4:3 победа на гостувањето кај Бреша за продолжување на одличниот старт на сезоната.

А изгледаше многу лошо за Болоња на почетокот на мечот. Алфредо Донарума (без роднинска врска со голманот на Милан) во 10. и 19. минута стрелаше за новиот прволигаш за 2:0 водство. Матија Бани во 36. минута врати надеж за гостите, но до полувремето Бреша ја врати предноста од два гола, откако Андреа Чистана постигна гол во 44. минута.

Но, во 48. минута од мечот се случи клучниот момент – Даниеле Десена доби втор жолт картон за симулирање и гостите ја искористија теренската предност за да направат пресврт. Родриго Паласио во 56. минута, Андреа Поли во 60. минута и Рикардо Орсолини во 80. минута обезбедија победа за Болоња, која по три кола има две победи и едно реми и е на второто место на табелата со 7 поени зад лидерот Интер.

Лацио пак, во драматичен финиш загуби со 2:1 на гости кај СПАЛ во Ферара за прв пораз во новата сезона. Гостите дојдоа во водство преку гол од пенал на Чиро Имобиле уште во 17. минута, но СПАЛ израмни преку Петања во 67. минута. Херој на СПАЛ беше Јасмин Куртиќ, кој во 92. минута донесе три поени.

СЕРИЈА А, 3.КОЛО

Бреша – Болоња 3:4

Парма – Каљари 1:3

СПАЛ – Лацио 2:1

Scroll to Top