Болоња се подготвени да му го продолжат договорот на Синиша Михајловиќ на уште една година по вчерашната потврда дека српскиот тренер го очекува нова битка по враќањето на леукемијата.
53-годишниот Михајловиќ вчера на прес-конференција потврди дека повторно мора да оди во болница на нов циклус лекување, откако претходно првично му беше дијагностицирана леукемија во 2019 и се опорави по три хемотерапии и пресадување на коскена срж.
Според „Кориере дело спорт“, газдата на клубот Џои Сапуто и генералниот директор Клаудио Фенучи се подготвени да му го продолжат договорот на уште една сезона и да го обврзат до 2024 година.
Самиот Михајловиќ пак, ќе пропушти дел од натпреварите на „рособлу“ и ќе биде заменуван од неговиот помошник Мирослав Тањга.