Top Sport

Леброн е подобар од Шек – освои „Златна малина“ за најлош актер

Леброн Џејмс е официјално „подобар“ од Шекил О’Нил – додека Шек доби само номинација за „Златна малина“ како најлош актер, ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс сега ја доби неславната награда.

37-годишната НБА легенда има еден куп награди во својата долга кариера, но ниту една со ваква „тежина“. Филмот „Space Jam: A New Legacy“ доби три награди – за најлошо продолжение, најлоша комбинација на сцена (Џејмс со било кој анимиран лик) и секако, за „Кралот“ најлош актер. Филмот загуби во главната категорија најлош тим од „Diana: The Musical“.

Џејмс сега се приклучува на Шекил и Денис Родман како НБА ѕвезди со номинации за „Златна малина“ – Родман освои три награди за својот настап во „Double Team“ od 1997, додека Шек беше номиниран истата гоина за неговата улога во „Steel“, но остана без награда.

Scroll to Top