Леонардо Бонучи пред утрешното полуфинале на ЕУРО 2020 помеѓу „аѕурите“ и Шпанија на „Вембли“ застана во одбрана на својот соиграч од репрезентацијата, Чиро Имобиле, кој беше на удар на критиките по „шоуто“ кое го направи на мечот со Белгија, кога симулираше фаул и болки додека не падна гол.
Напаѓачот на Лацио падна во белгискиот шестнаесетник, но откако Николо Барела го даде голот, стана без болки и се радуваше на голот.
„Тој го допре својот скочен зглоб и потоа радоста му ја намали болката. Чиро е коректен човек и вакви работи се случуваат на теренот, не е првпат. И ние му се смеевме“, вели Бонучи.