Леонардо Бонучи вели дека се надева дека навивачите на Милан нема утре да го свиркаат нивниот поранешен голман Џанлуиџи Донарум на мечот од Лигата на нации против Англија, иако признава дека неуспехот да се пласираат на Мундијалот останува „отворена рана“.
Бидејќи пред последните два меча, Унгарија има 7 поени, Германија 6, Италија 5, а Англија само 2, мечот на „Сан Сиро“ може да одлучува кој ќе испадне во Лига Б. Во Италија уште тешка тема е елиминацијата во баражот за СП од Македонија, но навивачите на Милан имаат „проблем“ со Донарума по неговиот слободен трансфер во ПСЖ.
„Се надевам дека луѓето ќе помислат на тоа што е најдобро за Италија. Сфаќаме дека тоа што се случи во март останува отворена рана и секогаш ќе биде така. Се надевам дека ќе ја имаме поддршката на фановите и дека ќе има само аплаузи за Џиџио и за сите италијански фудбалери. Сите кои ќе свиркаат покажуваат дека немаат мозок“, вели Бонучи.
?️ Le parole di Leonardo #Bonucci alla vigilia di #ItaliaInghilterra @bonucci_leo19#Azzurri #VivoAzzurro #Nazionale ?? pic.twitter.com/QPbZ14z1pw
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) September 22, 2022