Top Sport

Борусија Дортмунд остана без Јусуфа Мукоко во наредните шест седмици

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, ќе паузира околу шест седмици, соопштија од клубот. Тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Челси како и другите важни натпревари за Борусија.

18-годишниот Мукоко има повреда на лигаментите на скочниот зглоб која ја заработи на мечот од Бундеслигата против Вердер Бремен.

„Ова е горчлива вест за него и за нас, особено во овој момент“, прокоментира спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

Мукоко, кој има два натпревари за германската репрезентација, оваа сезона постигна шест гола на 18 натпревари во Бундеслигата.

Scroll to Top