Top Sport

Верона со важна победа во битката за опстанок

Верона стигна до четвртиот триумф оваа сезона во Серија А совладувајќи ја Салернитана на домашен терен со 1:0. И по оваа победа, Верона се наоѓа во опасната зона на табелата на 18. позиција со 17 бода, два помалку од Специја која е над „црвената линија“.

Сирил Нгонге беше стрелец на победничкиот гол за Верона на овој меч. Тој во 31.минута успеа да реализира по асистенцијата на Дарко Лазовиќ.

Салернитана се наоѓа на 16. место со 21 бод.

Scroll to Top